Жедна за контрола
Како мајка на две деца со посебни потреби, едно со ментални проблеми, обете со тип 1 дијабетес, јас имав доволно проблеми со кои сум се соочила досега. Еден од најголемите проблеми со кои се мачам е контролата, или, барем, привидот на контрола.
Оваа патологија за апсолутна контрола е честа меѓу родителите на деца со посебни потреби. Ние сме се соочиле со многу нешта во животот за кои никој ништо не нѐ прашал, ниту сме можеле да ги контролираме, и затоа со сите сили се трудиме да ја задржиме контролата над нештата за кои мислиме дека се „наши“. Никој не може да се грижи подобро за моето дете од мене, никој не прави за нив нешто повеќе отколку јас. Зошто, тогаш да им верувам дека ќе се погрижат за моето дете, ќе го поучуваат, ќе внимаваат на него – моето беспомошно дете?
Желбата да се контролира сѐ, колку и да е добронамерна, е залуден напор кој нѐ остава исцрпени и изолирани од другите. Реалноста е дека, не се работи толку за контрола, колку што се работи за СТРАВ. Страв за тоа кој ќе се грижи за нашите деца кога нас ќе нѐ нема, страв дека системот и професионалците вклучени во таа грижа нема да ги има, или нема да се подготвени за тоа, страв дека нешто друго, нешто уште полошо од тоа со кое се соочуваме во моментот, може да се случи во некој неочекуван, непланиран миг во иднината.
За мене, најдоброто нешто што ми ги смирува грижите за страв / контрола е кога барам помош од друг. Кога ги споделувам моите стравови со други родители како мене, со пријатели и членови на семејството. Дури и при самиот чин на барање помош, јас мора да се соочам со малку страв – страв дека не сум СУПЕР МАЈКА која ја очекуваат луѓето и дека, всушност, не можам сама да постигнам сѐ. Кога се ослободив од тој страв и кога дел од контролата препуштив на други, мојот живот се измени на подобро.
Ајде, обиди се. Можеме да си помогнеме едни на други.