Церебрална парализа
Церебралната парализа е состојба предизвикана заради оштетување на мозокот кое се случило пред, за време, или, пак, бргу по раѓањето на детето. „Церебрална“ се однесува на мозокот, а „парализа“ на растројството на движењето или ставот. Оваа болест не е прогресивна. Пренаталните причини кои предизвикуваат церебрална парализа вклучуваат болести на мајката во текот на бременоста, прерано породување, недостаток на довод на кислород до бебето предизвикано од прерано одвојување на детето од плацентата, заради неправилна позиција на бебето, заради продолжено породување, или ненадејно породување. Друга причина може да е неподударноста RH факторот на родителите, инфекција на мајката со вирусно заболување или микроорганизми во раната бременост. Причина за церебрална парализа по раѓањето може да биде резултат на несреќа, вирусна инфекција и сл. Во зависност од тоа кој дел од мозокот е повлијаен и оштетен, може да се појави еден или повеќе од следниве проблеми: проблеми со тонусот, несакани движење, грчеви, проблеми со исправаното движење и мобилноста, напади, пречки во видот, слухот и (или) говорот, како и ментална заостанатост.
Има три главни видови на церебрална парализа:
- Спастична – згрчени и тешки движења.
- Атетоидна – несакани и неконтролирани движења.
- Атаксична – побркано чувство за баланс и длабинска перцепција.
Многумина кои страдаат од церебрална парализа може да имаат комбинација од сите три видови. Тогаш се зборува за мешана церебрална парализа.