Добродојдовте на СИТЕ ЗАЕДНО - група ентузијасти кои решија своите искуства да ги споделат со сите!

Нашата веб страница е бесплатна и ви нуди можност да дознаете нешта што не сте ги знаеле, како и нешта кои не можете да ги дознаете на други места.

 

Добредојде во Холандија

Често ме прашуваат да опишам какво е искуството да се одгледува дете со ментален проблем – за да се обидам и да им помогнам на луѓето, кои го немале тоа неверојатно искуство да го разберат, да сфатат какво е чувството. Еве вака е.

Пред да се породиш, чувството е како да се подготвуваш за прекрасно патување – во Италија! Купуваш куп туристички водичи и правиш прекрасни планови – да го видиш Колосеумот, Давид на Микеланѓело, гондолите во Венеција. Можеби и ќе научиш неколку фрази на италијански. Сѐ е толку возбудливо!

По повеќе месеци на возбудено очекување, најпосле доаѓа големиот ден. Ги пакуваш торбите и тргнуваш! Неколку часа подоцна, авионот слетува. Влегува стјуардесата и објавува: „Добредојде во Холандија“!

„Холандија?“ – велиш ти, „како тоа ‘Холандија’? Јас уплатив за Италија. Треба да сум во Италија. Целиот живот сонував да одам во Италија!“

Но, настанала промена во планот на летање. Си слетала во Холандија и сега мора да останеш таму. Тоа што е важно е дека не те однеле на некое ужасно, одвратно, валкано место, полно со болести, глад и гадотии. Местово, едноставно, е поинакво.

И така, мора да одиш и да купиш нови туристички водачи. И ќе се соочиш со сосема нов јазик. И ќе сретнеш групи луѓе кои не си ги сретнала никогаш порано. Местото е поинакво. Нештата се многу побавни отколку во Италија. Но, откако ќе поминеш малку време во Холандија, ќе погледнеш наоколу и ќе забележиш дека во Холандија има ветерници, во Холандија има лалиња, и Холандија го има дури и Рембрант.

Сепак, сите кои ги познаваш одат и се враќаат од Италија. И сите се фалат колку убаво си поминале таму. До крајот на животот ќе мислиш: „Да, таму требаше да отпатувам и јас. Така планирав и јас.“

А болката, таа нема никогаш, никогаш да замине, бидејќи рушењето на тој сон е значајна загуба.

Но, ако го поминеш животот тажејќи за фактот дека не отиде во Италија, можеби никогаш нема да си слободна да уживаш во посебните, убави нешта што ги нуди Холандија.

 

Емили Пери Кингсли

Поздрав за храбрите

Радосница

За твојот роденден

Дознај повеќе

  • Вистинска приказна +

    Можеби со Божја волја, или можеби заради мали промени на гените, но од љубов, на нечија радост, се роди НЕКОЈ, малечко Цвеќе со едно ливче Повеќе...
  • Церебрална парализа +

    Церебралната парализа е состојба предизвикана заради оштетување на мозокот кое се случило пред, за време, или, пак, бргу по раѓањето на детето. „Церебрална“ се однесува Повеќе...
  • Ментална заостанатост +

    Ментлна заостанатост е генерализирано нарушување кое се појавува пред личноста да достигне зрелост и се карактеризира со значајно попречено спознајно функционирање и недостатоци во две Повеќе...
  • Даунов синдром +

    Дауновиот синдром ехромозомско нарушување, предизвикано од екстра генетички материјал во 21 хромозом. Медицински гледано, Дауновиот синдром се нарекува Трисомија 21. Всушност тој претставува грешка во Повеќе...
  • Aутизам +

    Аутизмот е комплексна развојна неспособност која типично се појавува во првите три години од животот. Тоа е нарушување на мозочната функција која влијате врз способноста Повеќе...
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4