AD/HD

AD/HD (Attention - Deficit / Hyperactivity Disorder) – (Недостаток на внимание / хиперактивно нарушување) е невробиолошко нарушување што се карактеризира развојно несоодветна импулсивност, губење на фокусот и, во некои случаи, хиперактивност која се појавува во детството, најчесто до 7 годишна возраст. Децата дијагностицирани со AD/HD доцнат со својот развој 2-4 години зад своите врсници и честопати имаат и други состојби. За дете да биде дијагностицирано со AD/HD тоа мора да покажува барем 6 карактеристики од едната, или двете категории спомнати подолу. Симптомите мора да се почести и потешки отколку во просечно дете на иста возраст. Симптомите мора да се набљудуваат барем 6 месеци.

AD/HD  со доминантно невниманието

AD/HD со доминантна хиперактивноста/ импулсивноста

   

Не внимава на детали, прави грешки од невнимание

Тешко му е да седи на едно место

Тешко го задржува вниманието

Не знае што да прави со рацете или нозете, постојано мрда на столицата

Изгледа како да не слуша

Тешко му е да врши активност што треба да е тивка

Се мачи да ја следи мислата или упатствата

Се однесува како да го движи „мотор“

Тешкотии при организирањето

Зборува премногу

Избегнува, или не сака, задачи што бараат ментален напор

Одговара уште пред да го ислуша прашањето

Губи нешта

Тешко му е да чека или да дојде на ред

Лесно се „занесува“ по друга активност

Ги прекинува останатите и се наметнува

Покажува заборавност во секојдневните активности

 

Поздрав за храбрите

Радосница

За твојот роденден

Дознај повеќе

  • Вистинска приказна +

    Можеби со Божја волја, или можеби заради мали промени на гените, но од љубов, на нечија радост, се роди НЕКОЈ, малечко Цвеќе со едно ливче Повеќе...
  • Церебрална парализа +

    Церебралната парализа е состојба предизвикана заради оштетување на мозокот кое се случило пред, за време, или, пак, бргу по раѓањето на детето. „Церебрална“ се однесува Повеќе...
  • Ментална заостанатост +

    Ментлна заостанатост е генерализирано нарушување кое се појавува пред личноста да достигне зрелост и се карактеризира со значајно попречено спознајно функционирање и недостатоци во две Повеќе...
  • Даунов синдром +

    Дауновиот синдром ехромозомско нарушување, предизвикано од екстра генетички материјал во 21 хромозом. Медицински гледано, Дауновиот синдром се нарекува Трисомија 21. Всушност тој претставува грешка во Повеќе...
  • Aутизам +

    Аутизмот е комплексна развојна неспособност која типично се појавува во првите три години од животот. Тоа е нарушување на мозочната функција која влијате врз способноста Повеќе...
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4