Стоматологија

Стоматологија за деца и возрасни со ментални нарушувања

1. Вовед. На интернет има многу коментари во врска со денталната грижа за нашите деца. Има родители кои се многу загрижени за тоа. Јас сум стоматолог од Ст. Луис, Мисури, САД веќе 17 години и имам голем интерес за пациенти со посебни потреби – ментално или телесно хендикепирани, пациенти со проблеми во однесувањето, медицински проблеми, со тиe кои имат фобии од заболекари и сл. Имaм специјализирано болничка стоматологија и сум клинички асистент- професор на медицинскиот универзитет во Ст. Луис. Исто така сум и дел од вработените на четири локални болници, вклучувајќи ја и детската болница „Кардинал Гленон“. Сметам дека сум квалификуван да дадам одредени совети кои можете да ги прочитате подолу. Не заборавајте, овие се само генерални забелешки, кои не можете веднаш да ги примените на сите деца (или возрасни) со ментални проблеми. Тие забелешки не се замена на тоа што ќе го каже вашиот стоматолог откако ќе направи темелен преглед, рентгенска снимка, и ќе постави индивидуална дијагноза. Значи, тоа што ќе го прочитате е мое сопствено мислење, врз основа на моето искуство со илјадници пациенти со различно ниво на ментална заостанатост.

2. Како да се пронајде добар стоматолог за детето / возрасниот со посебни проблеми.Барај стоматолог со искуство во работа со пациенти со посебни потреби.

Тоа веројатно ќе биде некој кој е општ стоматолог, или, поверојатно некој кој специјализирал детска стоматологија. Не се плаши своето возрасно дете да го однесеш на детски стоматолог. Ако каде што живеш има факултет за стоматологија, побрај да се сретнеш со некој од детска стоматологија. Распрашај се дали имаат некој кој работи со деца со посебни потреби. Ако не може да се најде таков, барај општ стоматолог кој им искуство со деца. Побрај совет од други родители кои имаат деца со посебни потреби како твоето. Прашај ги колку време одат кај одреден стоматолог и дали се задоволни од него. Ќе им биде чест што си побарал-а совет од нив. Јас се согласувам со родителите кои советуваат да се оди на стоматолог неколку пати пред да се јават проблеми и кариес – за детето да ги разбре посетите како нешто забавно, а не болно. Ако првата посета на стоматолог е кога детето има болки, тоа ќе им ја отежне работта на сите – и на родителите и на лекарите. Стоматологот, тогаш, може само да придонесе да се зголеми стравот од лекар.

3. Нивоа на анестезија за да се контролира однесувањето.

Повеќето деца / возрасни со потешка ментална заостанатост имат потреба од посебна помош за да соработуват. За некои, таа помош е да се запознат со стоматологот и да му веруват (до некаде) дека нема да бидат повредени, дека ако има болка таа ќе е малечка и ќе трае многу кусо (на пример, додека не се стави локалната анестезија). Еве што користам јас, во зависност од потребите на пациентот. Методите се подредени од најсилно кон послаби.

Општа анестезија во болница како пациент или дневен пациент. Денес во САД овој вид анестезија е многу сигурен, и анестезијата што се користи во стоматологијата е обично минимална. Оралните хирурзи можат сигурно да дават ваква анестезија во нивните ординации. Подобро е да има присутен анестезиолог, наместо сестра која ќе ја даде анестезијата. Сите кои се занимаваат со анестезија се свесни дека луѓето со посебни потреби се изложени на повисок ризик од анестезијата отколку општта популација, и тие сериозно го земаат тоа во предвид, кога ќе предложат анестезија. Ако ова те плаши, закажи средба со стоматологот пред да го однесеш детето за процедурата. Однеси го детето да биде прегледано од анестезиолог. И ние лекарите сакам да сме сигурни пред да започнеме со процедурата.

Интравенски седатив во болница или приватна ординација. Во многу држави стоматологот треба да има посебна дозвола за ова. Стоматологот треба да побара да направиш комплетен општ здравствен преглед на детето пред да се согласи да даде седатив. 

Азотен оксид (гас за смеење) и орален седатив заедно: ова е сигурно за повеќето пациенти, под услов оралниот седатив да не се даде во преголема доза. Во ретки случаи, стоматолозите кои немаат право да даваат општа анестезија, ниту, пак, имат право да даваат ИВ седатив, се искушувани да дадат поголема доза орален седатив отколку што е потребно. Прашај го стоматологот за тоа колкава доза на седатив планира да даде. Азотниот оксид е, генерално, сигурен, освен во неколку случаи – каде што пациентот не може самостојно да дише низ нос (особено заради затнат нос), кога пациентот има астма, и кога пациентот нема способност да се справи со чувството на „летање“.

Само азотен оксид или само орален седатив – види погоре.

Психолошки техники: извинете што ова го оставам за крај, но од мое искуство ова успева само кај лесно уплашени пациенти. Овие техники вклучуваат систематска десенситизација (намалување на чувствителноста), техниката кажи-покажи-направи, моделирање на добро однесување (како, пример на постар / помлад брат-сестра), одвлекување на вниманието и многу други слични трикови. Лично не сум се обидел со хипноза, акупунктура или биофидбек, бидејќи сметам дека тие не се сигурни за повеќето пациенти.

Електронската анестезија (ТЕНС единиците, ЦЕДЕТА денталните апарати и сл.) не е многу силна техника но може да помогне во одредени ситуации. 

Локален анестетик (Новокаин): ако стоматологот треба само ова да го примени врз вашето дете, сметајте се среќни. Јас ова сум го направил само врз околу 20% мои пациенти со ментални проблеми заради различни причини, и тоа само откако тие добро ме запознале.

И за крај, еден совет од мене. Не одете на стоматолог кој користи некоја од следниве техники: штици за имобилизација (papoose board), ставање рака на уста, расправија со детето, врзување на раце и слични методи. Врзувањето на рацете може да се ползува само како потсетник на детето да не ја става раката во уста. 

Зошто да не дозволам да се расипат млечните заби, а да ги поправаме само трајните?

На прв поглед, ова изгледа како добар предлог за родителите кои се измачуваат и трошат многу енергија / пари на посериозни медицински проблеми. Сепак, тоа е лоша идеја. Зошто? Затоа што млечните заби можат исто така да станат инфицирани и загноени како и трајните заби. Болката од нив ќе е исто толку силна како и од трајните.
Миењето заби. Сите кои имат заби треба да ги мијат.

Миењето заби, проследено со користење забен конец е уште подобро. Ако детето не сака да ви дозволи да му ги миете забите заради страв, несигурност, или, пак, заради тактилни проблеми околу лицето, еве како можеш систематски да постигнеш да се мијат забите.

Започни со малку газа или мека крпа обмотана околу твојот прст и поминувај со неа околу усните на детето, додека детето не го прифати тоа. Движи го прстот како да масираш. Ако треба, на газата стави нешто слатко, ако тоа ти помогне.  Koга детето ќе се навикне на тоа, и ако изгледа дека му се допаѓа (за ова можеби ќе се потребни неколку сесии), почни да влегуваш во устата. Кај децата кои најмногу имаат проблем со чувствителноста во устата, започни соз адните заби - тие се помалку чувствителни отколку предните. Имај трпение. Немој да се грижиш ако детето ја затвора устата – ти напредуваш и тоа ќе ја отвори устата подоцна. Кога ова ќе стане рутина, започни во устата да му ја ставаш четката со која ќе ги миеш забите. Ако на детето не му се допаѓаат влакната на четката, ползувај го другиот крај од истата (дршката), за да може да ја намалиш чувствителноста на тој допир. Ползувај мека или многу мека четка. Загреј ги влакната на четката во топла вода за да омекнат уште повеќе – направи се за детето да го направи првиот чекор. Сопри ако детето има нагон да поврати. Дај му на детето стара четка со која може да си игра. Стави на неа нешто што ќе ја направи да има убав вкус и дозволи му на детето да си игра со неа и да ја гризе пред или по четкањето на забите. Очекувај дека оваа програма за намалување на чувствителноста ќе ти одземе неколку недели, но вреди да се потрудиш. Вежбај секој ден на исто место во исто време. Награди го детето откако ќе завршиш со вежбата. 

Механичките четки за заби (електрични или сонични) се во ред само ако детето прифати такво нешто во устата и ако претходно детето научило во устата да прифати обична четка. 

Забелешка: ако твоето дете има напади мора да се консултираш со доктор пред да ползуваш електрични или сонични четки за заби, бидејќи има некои ситуации каде што тие можат да предизвикаат напади. Почни да користиш паста за заби што е можно побрзо. Избери паста со убав вкус за да не го одвратиш детето. Единственото полезно нешто во пастата за заби е флуорот. Секогаш користи мала количина паста за заби.

Повеќето деца со поголеми телесни или ментални проблеми бараат некој друг да им ги мие забите. Можеби ова не ти изгледа како приоритет, но јас силно го препорачувам бидејќи со малку напор се постигат огромни резултати во денталната хигиена. Едно нешто што многу го препорачувам е запечатување на забите со посебно средство, кое многу помага да се сочуват забите кај деца со посебни потреби.

Поздрав за храбрите

Радосница

За твојот роденден

Дознај повеќе

  • Вистинска приказна +

    Можеби со Божја волја, или можеби заради мали промени на гените, но од љубов, на нечија радост, се роди НЕКОЈ, малечко Цвеќе со едно ливче Повеќе...
  • Церебрална парализа +

    Церебралната парализа е состојба предизвикана заради оштетување на мозокот кое се случило пред, за време, или, пак, бргу по раѓањето на детето. „Церебрална“ се однесува Повеќе...
  • Ментална заостанатост +

    Ментлна заостанатост е генерализирано нарушување кое се појавува пред личноста да достигне зрелост и се карактеризира со значајно попречено спознајно функционирање и недостатоци во две Повеќе...
  • Даунов синдром +

    Дауновиот синдром ехромозомско нарушување, предизвикано од екстра генетички материјал во 21 хромозом. Медицински гледано, Дауновиот синдром се нарекува Трисомија 21. Всушност тој претставува грешка во Повеќе...
  • Aутизам +

    Аутизмот е комплексна развојна неспособност која типично се појавува во првите три години од животот. Тоа е нарушување на мозочната функција која влијате врз способноста Повеќе...
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4