Пробирливо јадење

Пречките во развојот и пробирливоста во јадењето честопати се појавуваат заедно. Комплицираните рецепти и обидите да се маскира здрава храна во онаа која е „прифатлива” нема да ја подобрат исхраната на детето.

Проблем 1: Погрешно перцепирање на ниво на сензори во устата или слаби орални моторни способности. Дете кое се брани да биде допрено честопати е хиперсензитивно на ниво на устата,која има потребна да биде стимулирана, а тоа, пак, честопати се манифестира со џвакање на облека и др. Слабиот мускулен тонус на ниво на устата и лицето честопати се должат на посериозни орално - моторни проблеми. Слабто смукање, џвакање и голтање можат да предизвикаат страв или ситуација во која детето нема да сака да ја отвори устата кога во своја близина ќе види храна. Правењето на тест за голтање, и неговиот позитивен резултат не гарантира дека детето ќе може да џвака и голта постојано, или, пак, ќе има доволно сила за да може да конзумира цел оброк.

Можни решенија за овој проблем. Дефектолог или терапевт за орална моторика можат да бидат од голема помош. Учењето на детето да користи електрична четка за заби за да ја масира устата и учењето на детето да пие течности преку цевка можат да ги зајакнат орално моторичките способности, и да ја намалат неугодноста при јадењето.

Проблем 2: Недоволно внесување на храна. Слабото јадење предизвикува дисбаланс во исхраната, кој дополнително го намалува апетитот или ја зголемува потребата за јаглехидрати. Недостатокот на цинк и витамин Б1 придонесуваат за појава на анорексија, иако појавата на анорексија не е непходно поврзана со недостатоци на специфични хранливи материи. Општо, слабата исхрана придонесува за губење на интерес кон храната, кое доведува до понатамошно невнесување на храна и сѐ поголемо намалување на апетитот со тек на времето.

Можни решенија за недоволното внесување на храна. Не можете на сила да го натерате детето да јаде за да си ја поправи исхраната. Самата диета не може да го поправи недостатокот на хранливи материи, откако ќе се наруши исхраната на детето, особено ако тоа има слаба абсорпција или транспорт на хранливите материи. Најдобро е да користите додатоци во исхраната кои имаат количински среден степен на широк спектар витамини (Ц, Е и Б-6), како и минерали (магнезиум, молибден, хром и селен) кои најмногу недостасуваат во исхраната со процесирана храна. Постојат и течни додатоци за храна за деца кои одбиваат да џвакаат. Таблети истолчени во аван можат да се помешаат со пасирани јаболки, праски или чоколадно млеко и природен сок.

Проблем 3: Слаба дигестивна функција. Деца со историја на рефлукс (повраќање) на храната, болки во абдоменот, честа употреба на антибиотици, алергии, дијареа, запек и слаб абдоминален мускулен тонус, честопати имаат незрел, воспален или неефикасен дигестивен систем. Повеќето случаи се пропратени со болка која надворешно не се манифестира и која создава чуство на тежина за време на оброкот. Овие деца се чувствуваат неугодно и се стремат да избегнат храна, при тоа ставајќи се под ризик да си ја нарушат исхраната. Тие не знаат какво е чувството на нормално нахранет стомак.

Можни решенија за слабата дигестивна функција. Едно решение се дигестивните тоници. Традиционален лек за слаба дигестија и воспаленија е чајот од ѓумбир, направен од сварени парчиња од овој корен, кој потоа се лади и се дозира по неколку лажички, неколку пати дневно (за деца помали од една година се додава и мед).

Дигестивните ензими дадени во мали количини можат да го зголемат апетитот, но ако се користат пречесто доведуваат до проливи и внатрешни грчеви. Дигестивниот капацитет се намалува во текот на денот па така, ако се обидете со ензими, секогаш давајте ги на почеток на проблематичниот оброк.

Проблем 4: Контраиндикации од лековите. Стимулансите како Ридалинот и Декседринот го намалуваат апетитот. Антибиотиците го зголемуваат растењето на габичките и со тоа ја оштетуваат внатрешната обвивка на дигестивниот систем. Преголемото нараснување на габичките можат дигестивниот систем да го претворат во машина за ферментирање. Кога габичките ги разложуваат шеќерите, стомакот се дуе, а тоа до мозокот испраќа сигнал дека е преполн или, пак, сигнал дека има потреба од јаглехидрати.

Можни решенија за контраиндикациите од лекови. Ако стимулансите многу силно влијаат на апетитот, проценете дали е од полза да продолжите со нивно давање. Стимулансите се контролирани субстанци и употребата кај мали деца би требало да има огромен ефект за да се оправдаат проблемите (познатите и непознатите) во подоцнежниот дел од животот. Ако стимулансите се апсолутно неопходни, давајте му на детето обилен појадок затоа што апетитот ќе се намали по земањето на лекот, а со тоа би имале проблеми за ручек. По завршувањето на часовите, кога лекот ја губи активноста, наместо ужина дајте му на детето обилен ручек. Околу 19 часот дајте му тост или житарици без шеќер.

Иако пробирливоста при јадењето може да се протолкува како карактерен проблем и може да се реши со превоспитување, честопати причината е некој дигестивен дисбаланс. Со тоа што родителите ќе изигруваат „инспектори“ и ќе го испитаат случајот, тие ќе можат да решат кое решение е најдобро за нивното дете.

Поздрав за храбрите

Радосница

За твојот роденден

Дознај повеќе

  • Вистинска приказна +

    Можеби со Божја волја, или можеби заради мали промени на гените, но од љубов, на нечија радост, се роди НЕКОЈ, малечко Цвеќе со едно ливче Повеќе...
  • Церебрална парализа +

    Церебралната парализа е состојба предизвикана заради оштетување на мозокот кое се случило пред, за време, или, пак, бргу по раѓањето на детето. „Церебрална“ се однесува Повеќе...
  • Ментална заостанатост +

    Ментлна заостанатост е генерализирано нарушување кое се појавува пред личноста да достигне зрелост и се карактеризира со значајно попречено спознајно функционирање и недостатоци во две Повеќе...
  • Даунов синдром +

    Дауновиот синдром ехромозомско нарушување, предизвикано од екстра генетички материјал во 21 хромозом. Медицински гледано, Дауновиот синдром се нарекува Трисомија 21. Всушност тој претставува грешка во Повеќе...
  • Aутизам +

    Аутизмот е комплексна развојна неспособност која типично се појавува во првите три години од животот. Тоа е нарушување на мозочната функција која влијате врз способноста Повеќе...
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4