Аутизам и напади

Аутизам и напади

Речиси една од четири личности со аутизам, добива напади за време на пубертетот. Точната причина за започнувањето на добивање напади не е позната, но се смета дека се заради хормоналните промени во телото.

Понекогаш нападите се видливи (пропратени со грчеви); но кај повеќето аутисти тие претставуваат мали и субклинички напади кои не можат да се забележат со обично набљудување.

Некои симптоми на субклинички напади вклучуваат:

Проблеми со расположението, како на пример агресија, склоност кон самоповредување и екстремни избувнувања; покажување мал или никаков напредок откако во детството и годините пред пубертетот имало напредок; губењето на некои карактерни особини и губење на дотогаш научените навики. Познати се случаи каде што аутистични личности, за кои пред пубертетот се сметало дека функционираат совршено, за време на пубертетот да искусат напади кои не биле третирани со соодветна терапија. Овие личности кои не биле третирани со терапија, во доцните тинејџерски години биле сметани за слабо функционални.

Некои родители прават ЕКГ за навреме да можат да видат дали нивното дете покажува некакви симптоми на напади. Мора да се знае дека дури и ЕКГ-то да не покажува некаква абнормална активност за време на тестирањето, не смее да се заклучи дека испитуваната личност не страда од напади. За да се зголеми шансата за детекција на можните патолошки аномалии некои индивидуи се тестираат на ЕКГ 24 до 48 часа.

Познато е дека витаминот Б6 во комбинација со магнезиум како и Диметилглицин (DMG) ги намалуваат или елиминираат нападите кај некои личности, дури и во случаи каде терапијата со медикаменти е неуспешна.

Не сите аутистични личности имаат напади за време на пубертетот. Всушност многу родители на овие деца велат дека кај нивните синови и ќерки имало драматично подобрување во овој период.

Родителите на децата аутисти треба да се свесни за позитивните или негативните промени во текот на пубертетот. Од голема важност е родителите да знаат дека дури 25% од овие деца можат да имаат клинички или субклинички напади, кои, ако не бидат третирани можат да доведат до негативни последици.

Поздрав за храбрите

Радосница

За твојот роденден

Дознај повеќе

  • Вистинска приказна +

    Можеби со Божја волја, или можеби заради мали промени на гените, но од љубов, на нечија радост, се роди НЕКОЈ, малечко Цвеќе со едно ливче Повеќе...
  • Церебрална парализа +

    Церебралната парализа е состојба предизвикана заради оштетување на мозокот кое се случило пред, за време, или, пак, бргу по раѓањето на детето. „Церебрална“ се однесува Повеќе...
  • Ментална заостанатост +

    Ментлна заостанатост е генерализирано нарушување кое се појавува пред личноста да достигне зрелост и се карактеризира со значајно попречено спознајно функционирање и недостатоци во две Повеќе...
  • Даунов синдром +

    Дауновиот синдром ехромозомско нарушување, предизвикано од екстра генетички материјал во 21 хромозом. Медицински гледано, Дауновиот синдром се нарекува Трисомија 21. Всушност тој претставува грешка во Повеќе...
  • Aутизам +

    Аутизмот е комплексна развојна неспособност која типично се појавува во првите три години од животот. Тоа е нарушување на мозочната функција која влијате врз способноста Повеќе...
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4