АТЕЦ

Проценката за третманите за аутизам (Autism Treatment Evaluation Checklist -ATEC) била дизајнирана со цел да им помогне на родителите, лекарите и истражувачите да проценат практично секаков вид третман за аутизам (или, пак, за која и да било друга ментална состојба). Со помош на овој бесплатен интернет тест може да се пресметаат вредностите и поените на четирите подгрупи, како и вредноста на целиот тест. Резултатите се проценуват врз основа на вашите одговори и соодветно на одредена скала. Колку се повисоки резултатите на подгрупите, како и на вкупниот резултат, толку повеќе има проблеми кај личноста која се проценува.

Важно: единствениот начин да се одреди дали некој конкретен третман е ефективен, е да се применува поединечно (по еден третман во одреден период), при што другите третмани остануват константни. Времето потребно да се донесе суд за тоа дали некоја интервенција (третман) е полезна, зависи од многу фактори.  Во случај на некои интервенции, подобрувањето на ситуацијата станува очигледно по неколку часа. Но во повеќето случаи, треба да поминат неколку месеци пре д да се види ползата. За да се прцени ползата од одредена интервенција / третман, доволно е да се направи овој тест 6- 10 пати во период од 2-3 месеци. Некои интервенции – третмани, на почетокот ја влошуваат ситуацијата (како, во случај на габични инфекции). Затоа е потребно да се следат во подолг период.

Подолу следи превод на формуларот на македонски, како и веб страната на која може да го правите овој тест. http://www.autism.com

Која интервенција – третман се проценува

Подолу има листа на некои почести интервенции. Препорачуваме третманите да ги проценувате еден по еден; инаку, ќе биде тешко, ако не и невозможно да се одреди кој третман бил причината за видливите промени. Обележи која интервенција ја проценувате:

А. Биомедицински – без лекови

Витамин B6 и магнезиум

DMG

TMG

Ензими за варење на храната

Метил B12

Хипербаричен кислород

Келација (отстранување на тешки метали од одрганизмот)

Конкретна јагленохидратна диета

Интравенозен имуноглобулин

Диета без глутен

Диета без казеин

Диета без глутен и казеин

Поуки / вежби

Применета анализа на однесувањето (ABA)

Говорна терапија

 

Сетилна интеграција

Аудиторен тренинг

Неурофидбек

Окупациона терапија

Лекови

Benedryl

Risperidal

Secretin

Prozac

Ritalin

Nystatin

Друг лек:

Не се прави проценка на конктерен третман

Б. Информации специфични за секој АТЕС

Време на проценка: Предлегаме да се направи еден основен АТЕС тест пред да се започне со ненаков третман / интервенција. Додатните тестови треба да се прават секои 2 до 4 недели за да се процени колку добро реагира детето на третманот.

Кој АТЕС го пополнуваш денес?

Основен

1 недела                      3 месеци

2 недели                     4 месеци

3 недели                     5 месеци

1 месец                       6 месеци

5 недели                     9 месеци

6 недели                     1 година

2 месеци                     1 ½ година

9 недели                     друго

Дијагноза: можеш да одбележиш поеќе од една дијагноза:

Аутизам                                 Аспергерс синдром

PDD – NOS                            Ландау- Клефнер

Кришлив Х синдром                        Ретов синдром

Недијагностицирано                        Друго (конкретно)

Проценката за третманите за аутизам (АТЕС)

Информација за детето

Име     Презиме (или код за идентификација)

Пол                 Возраст

Машко            Женско

Датум на раѓање (формат мм/дд/гг)

Формуларот го пополнува:              Што сте му на детето:

1. ГОВОР / ЈАЗИК/ КОМУНИКАЦИЈА

N = не е вистина, S = понекогаш е вистина, V = вистина 

  1. Си го знае името
  2. Реагира на „не“ и „стоп“
  3. Може да исполнува некои команди
  4. Може да користи по еден збор
  5. Може да користи 2 збора заедно
  6. Може да користи 3 збора заедно
  7. Знае 10 или повеќе зборови
  8. Може да користи реченици со 4 или повеќе зборови
  9. Објаснува што сака
  10. Поставува значајни прашања.
  11.  Говорот има значење / релеванција
  12.  Често користи неколку последователни реченици
  13. Може релативно добро да води разговор
  14. Има нормалнa способност за комуникација во однос на возраста

Социјално прилагодување

N = не е вистина, S = понекогаш е вистина, V = вистина

15.  Изгледа како да е во лушпа.

16.  Ги игнорира другите луѓе

17.  Не дава никакво, или мало, внимание кога ќе му се обратиш

18.  Не соработува и се опира

19.  Нема контакт со очите.

20.  Сака да биде насамо

21.  Не покажува приврзаност кон другите

22.  Не ги поздравува родителите

23.  Избегнува контакт со други

24.  Не имитира

25.  Не сака држење / гушкање

26.  Не сака да дели / покажува

27.  Не мавта за „догледање“

28.  Непослушност

29.  Изливи на бес

30.  Нема пријатели / другари

31.  Ретко се смее

32.  Нема чувство за туѓите чувства

33.  Рамнодушно кон љубовта од другите

34.  Рамнодушно ако родителот (родителите) си заминат

 

Сетилна / когнитивна свест

N = не опишува, S = понекогаш опишува, V = многу добро опишува

 

35.  Реагира на сопственото име

36.  Реагира кога го фалиш

37.  Гледа кон луѓе и животни

38.  Гледа слики (и ТВ)

39.  Црта, бои, креира

40.  Правилно игра со играчки

41.  Правилни изрази на лицето

42.  Разбира што се случува на ТВ

43.  Разбира објаснувања

44.  Свесно е за околината

45.  Свесно е за опасности

46.  Покажува имагинација

47.  Иницира активности

48.  Само се облекува

49.  Љубопитно, заинтересирано

50.  Сака да истражува

51.  „Тука е“, а не „некаде“

52.  Гледа кон тоа што другите го гледаат

 

Здравје / телесно / однесување

N = не е проблем MI=мал проблем MO= среден проблем S=сериозен проблем

  1. Мокрење во кревет
  2. Мокрење во панталони / пелени
  3. Вршење голем нужда во панталони / пелени
  4. Дијареја
  5. Запек
  6. Проблеми со спиењето
  7. Јаде премалку / премногу
  8. Многу ограничена диета
  9. Хиперактивност

10.  Летаргија

11.  Се удара или се повредува

12.  Удара или повредува други

13.  Деструктивно

14.  Чувствително на звук

15.  Страв / уплашено

16.  Несреќно / плаче

17.  Епилептични напади

18.  Опсесивно зборување

19.  Крути рутини

20.  Врисоци и викотници

21.  Инсистира на „исто“

22.  Често е нервозно

23.  Нечувствително на болка

24.  Фиксирано на одредени нешта или предмети

25.  Движења кои се повторуваат

Обележи во коцката ако сакаш по мејл да ги добиеш резултатите, делумните резултати, како и твоите одговори на прашањата.

Тие информации можат да бидат испратени истовремено најмногу на три адреси. Едноставно, запиши ги нивните е-маил адреси подолу. Прочитај го делот за приватноста на податоците.

Во однос на приватноста на информациите. Заради неодамнешните државни регулативи донесени со цел да се заштити приватноста на пациентите, некои лекари / терапевти можеби ќе те посоветуваат да користиш алијас наместо вистинското име и (или) презиме на детето. Исто така, не е неопходно да се вклучат другите информации со кои би можело да се идентификува твоето дете (на пример, телефонски број). Но, мора да ја имаме твојата е- маил адреса за да ти ги испратиме резултатите.

Поздрав за храбрите

Радосница

За твојот роденден

Дознај повеќе

  • Вистинска приказна +

    Можеби со Божја волја, или можеби заради мали промени на гените, но од љубов, на нечија радост, се роди НЕКОЈ, малечко Цвеќе со едно ливче Повеќе...
  • Церебрална парализа +

    Церебралната парализа е состојба предизвикана заради оштетување на мозокот кое се случило пред, за време, или, пак, бргу по раѓањето на детето. „Церебрална“ се однесува Повеќе...
  • Ментална заостанатост +

    Ментлна заостанатост е генерализирано нарушување кое се појавува пред личноста да достигне зрелост и се карактеризира со значајно попречено спознајно функционирање и недостатоци во две Повеќе...
  • Даунов синдром +

    Дауновиот синдром ехромозомско нарушување, предизвикано од екстра генетички материјал во 21 хромозом. Медицински гледано, Дауновиот синдром се нарекува Трисомија 21. Всушност тој претставува грешка во Повеќе...
  • Aутизам +

    Аутизмот е комплексна развојна неспособност која типично се појавува во првите три години од животот. Тоа е нарушување на мозочната функција која влијате врз способноста Повеќе...
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4