Сведоштво

Прочитав дека Кристофер Рив, откако го повредил р’бетот, секогаш на сон одел. Никогаш не се сонувал себеси како седи во инвалидска количка. Претпоставувам дека тоа го правело будењето потешко. Се разбира, тој имал многу искуства врз кои можел да ги заснова тие соништа – сите години кога бил здрав и активен. Повеќето од нашите деца никогаш не познавале друг начин на живот од оној кој го живеат сега. На некој начин, тоа е можеби добро.

Еднаш сонував за мојот син, К… Сонував дека оди низ голема толпа, а кога поминуваше, луѓето престануваа да зборуваат и го гледаа како да гледаат човек кого го почитуваат и му се воодушевуваат. Толпата се раздвои кога тој со увереност тргна да оди кон мене, еден убаво облечен млад човек. Немаше ментална заостанатост – напротив. Тогаш ми се обрати и ми рече: „Мајко!“ – а моето срце ќе се распукаше од среќа.

Се сеќавам дека се разбудив од сонот и го видов мојот седумгодишен К… како стои покрај мене, со разбушавена коса, облечен во пижами, како се обидува да ми го привлече вниманието. Немаше сомнеж дека се работи за истата личност од мојот сон. Дали јас го сонував неговиот потенцијал? Неговото вистинско, духовно „јас“? Јас го сакам и ваков – разбушавен, во пижами. Го сакам дури и повеќе отколку младиот човек во сонот.  Иако толпата во сонот се однесуваше кон него со почит и уважување, јас бев тука, со него, во реалноста која не беше баш како сонот. И тогаш сфатив – не ми е важно мислењето на другите. Тоа што беше важно е дека јас го сакам К … безусловно, и го прифаќам таков каков што е – прекрасен, вистинска личност.

Сѐ уште верувам дека во син ми има величие кое чека да биде откриено. И мојот сон, кога сум будна, е тој да успее во животот на негов, уникатен начин.

Поздрав за храбрите

Радосница

За твојот роденден

Дознај повеќе

  • Вистинска приказна +

    Можеби со Божја волја, или можеби заради мали промени на гените, но од љубов, на нечија радост, се роди НЕКОЈ, малечко Цвеќе со едно ливче Повеќе...
  • Церебрална парализа +

    Церебралната парализа е состојба предизвикана заради оштетување на мозокот кое се случило пред, за време, или, пак, бргу по раѓањето на детето. „Церебрална“ се однесува Повеќе...
  • Ментална заостанатост +

    Ментлна заостанатост е генерализирано нарушување кое се појавува пред личноста да достигне зрелост и се карактеризира со значајно попречено спознајно функционирање и недостатоци во две Повеќе...
  • Даунов синдром +

    Дауновиот синдром ехромозомско нарушување, предизвикано од екстра генетички материјал во 21 хромозом. Медицински гледано, Дауновиот синдром се нарекува Трисомија 21. Всушност тој претставува грешка во Повеќе...
  • Aутизам +

    Аутизмот е комплексна развојна неспособност која типично се појавува во првите три години од животот. Тоа е нарушување на мозочната функција која влијате врз способноста Повеќе...
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4