Што се тоа „позициони зборови“

„Позиционите зборови“, односно „прилози за место“ се зборови кои ја опишуваат местоположбата на предмети или луѓе. Има многу такви зборови, меѓу кои се и: во, надвор, горе, долу, под, зад, пред, блиску, покрај, помеѓу … Некои од овое зборови се многу лесниз а разбирање и децата бргу ги совладуваат.Има и такви кои се потешки и за чие разбирање е потребно многу повеќе време.

Пред детето може со увереност да ползува позициони зборови, тоа прво треба да го научи нивното значење.

Во поучувањето позициони зборови има две фази:

Да му се помогне на детето да го разбере значењето на зборот.

Да му се помогне на детето правилно да го употреби зборот.

Прва фаза: разбирање на позициони зборови

1. Ползувај мебел, кревет, кутии, обрачи, лулашки и сл. Покажи му на детето како тоа може да биде „на“ и „под“ тие нешта.

Дејството што го врши детето мора да е проследено со твој коментар. На пример:

„Сега си под масата“.

„Сега си на столицата“.

„Сега седиш врз креветот“.

„Сега врвиш низ обрачот“.

Вежбајте го ова сѐ додека детето не научи да се постави во правилната позиција кога ќе го кажеш одредениот збор.

2. Замоли го детето да ги затвори очите додека ти не сокриеш топка или мече на некое место што не се гледа, на пример под креветот, или врз креденецот. Откако ќе ја сокриеш играчката, нека детето ги отвори очите. Тогаш кажи му каде да ја бара играчката. Внимавај да видиш дали гледаат кон правилното место што го опишуваш.

3. Ползувајќи ги истите „скришни места“, побарај од детето да ја сокрие топката или куклата: „Стави ја куклата во кутијата“. „Стави ја топката под креветот“. На почетокот, можеби ќе треба да помогнеш со гестикулации за да ја покажеш саканата позиција.

4. Повтори го чекор 3, но овој пат, побарај од детето да ја стави играчката во друга позиција релативна на истиот предмет. На пример, наместо детето да треба да ја стави топката во кутијата, кажи му да ја стави на кутијата. Наместо да ја сокрие куклата под креветот, сега нека ја стави врз креветот.

5. Со ползување група познати предмети (на пример, топки, чевли, лажици, кукли, чаши и сл), побарај детето д астави еден покрај друг два предмети. „Стави ја куклата до чинијата“. „Стави ја топката врз кутијата“. Стави ја лажицата во чашата“. Оваа активност може да се повторува вотекот на денот, на пример, кога се поставува масата за јадење, или кога детето треба да ги собере играчките.

6. Со помош на приложените слики, постави три од ист вид на масата и побарај детето да покаже на сликата што ја опишуваш. На пример, можеш да кажеш:

„Покажи ми го девојчето под креветот“.

„Покажи ми го девојчето на креветот“.

„Покажи ми го девојчето во креветот“.

Кога детето ќе може точно да покаже на правилната слика, можеш да продолжиш на следното ниво.

Ниво 2- ползување на позициони зборови во говорот

1. Претстави некои познати предмети (на пример лажици, чаши, чинии, четки за коса итн.) како и „кукла- ракавица“. Кажи му на детето дека сега тоа е „учителот“, па ти и тоа заедно ќе ѝ кажувате на куклата каде да ги стави предметите:

„Стави ја чашата до чинијата“.

„Стави ја лажицата во чашата“.

Одвреме-навреме куклата ќе „згреши“ и ќе го стави предметот на погрешно место, така што детето ќе има прилика да ја поправи.

2. Побарај детето д ати помогне да ја расчистиш куќта, при тоа заедно разговарајќи каде треба да се стават одредени работи. На пример, можеш да прашаш:

„Каде да ја ставам тавата“?

Детето можеби ќе одговори: „На шпоретот“.

3. Направете заедно со детето „чајанка“, кде што ти ид етето, еден по друг си кажувате што да правите. Користете многу позициони зборови како, на пример: „Стави чај во чашките“. „Стави ја чашката врз чинијата“.

4. Стави колку што можеш повеќе пречки во собата, ползувајќи што повеќе различни предмети. Кажи каде треба да оди детето, ползувајќи позициони зборови:

„Застани врз столицата“.

„Помини под масата“.

„Помини низ обрачот“.

Оваа вежба е многу поефикасна ако се изведува со неколку деца заедно.

5. Нагласи ги позиционите зборови онака како што тие природно се појавуваат во секојдневието, као, на пример, кога ја закачуваш сликата од детето на ѕидот, мешаш фил во тенџере итн. Колку што можеш, кажувај пред детето што ќе правиш, при тоа потпрашувај го:

„Каде ќе мешаме фил?“

„Каде ќе јадеме?“

Тоа ќе го охрабри детето да ползува позициони зборови во неговиот одговор:

Во тенџерето“.

На масата“.

6. Овие активности прави ги во различни ситуации, на пример, во домот на пријатели, на игралиште, на училиште и сл. Детето така ќе научи дека зборовите научени во една ситуација имаат исто значење и во друга.

Вака детето ќе добие поголемо разбирање за позиционите зборови и нивната употреба во секојдневниот говор.

Поздрав за храбрите

Радосница

За твојот роденден

Дознај повеќе

  • Вистинска приказна +

    Можеби со Божја волја, или можеби заради мали промени на гените, но од љубов, на нечија радост, се роди НЕКОЈ, малечко Цвеќе со едно ливче Повеќе...
  • Церебрална парализа +

    Церебралната парализа е состојба предизвикана заради оштетување на мозокот кое се случило пред, за време, или, пак, бргу по раѓањето на детето. „Церебрална“ се однесува Повеќе...
  • Ментална заостанатост +

    Ментлна заостанатост е генерализирано нарушување кое се појавува пред личноста да достигне зрелост и се карактеризира со значајно попречено спознајно функционирање и недостатоци во две Повеќе...
  • Даунов синдром +

    Дауновиот синдром ехромозомско нарушување, предизвикано од екстра генетички материјал во 21 хромозом. Медицински гледано, Дауновиот синдром се нарекува Трисомија 21. Всушност тој претставува грешка во Повеќе...
  • Aутизам +

    Аутизмот е комплексна развојна неспособност која типично се појавува во првите три години од животот. Тоа е нарушување на мозочната функција која влијате врз способноста Повеќе...
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4