Пет нешта

Пет нешта што треба да ги направиш кога докторот ќе каже „Да почекаме и да видиме“

Пет нешта што треба да ги направиш кога докторот ќе каже „Да почекаме и да видиме“

Значи, те загрижува твоето дете и за таа грижа си му кажал на педијатарот. Тогаш, тој ги кажува зборовите што не сакаш да ги слушнеш: „Да почекаме, па да видиме“. Добредојде во клубот на загрижените! Можеби советот е да се почека три, шест, осум месеци. А за сето тоа време, грижата само расте, а заедно со грижата расте и беспомошноста – не знеш како да постапиш! Ако, као личност, си повеќе проактивна, отколку пасивна, постави му ги на докторот следните пет прашања. Од нив нема никаква штета:

1. Прашај „зошто“?

Што очекува докторот да се случи, или да не се случи, во предложениот период на чекање? Има ли нешто што треба да го „видиш“, кое ќе се појави во тој период? Каква ќе е штетата ако се започне со третман „сега“, наместо по „чекањето“? Кое е значењето на периодот на времето што е избран за чекање? Можеш ли да го побараш докторот и пред да истече одреденото време на чекање? Нека докторот си ја заработи партиципацијата што ќе ја платиш.

2. Побарај конструктивни предлози

Можеби докторот смета дека ќе те утеши така што ќе го пролонгира поставувањето дијагноза и препорачувањето третман, но всушност тој - таа те осудува на месеци на бескрајна грижа, без никаква можност за позитивно дејствување што ќе ти помогне да ги надминеш стравовите. Прашај го докторот, може ли да ти предложи да правиш нешто, додека чекаш? Вежби, активности? Некои домашни терапии? А да ти предложи некоја добра книга? Кога имаш што да правиш- тоа помага.

3. Побарај лични врски

Прашај го докторот дали порано имал работа со семејство кое се наоѓа во иста ситуација како вашето. Прашај дали има можност да дојдеш во контакт со нив? Вистина е дека докторите не се должни да дадат таква информација. Затоа, обиди се да најдеш група за поддршка, или интернет портал како овој.

4. Внимавај на своето дете

Употреби го периодот на чекање како време подобро да си го запознаеш детето и да станеш поблизок - поблиска со него. Поминувај колку што можеш повеќе време со детето и забележи ги неговите силни и слаби страни. Тогаш, можеби ќе сфатиш дека нештата и не се толку лоши како што изгледаат на прв поглед. Но, можеби нештата ќе почнат да стануваат полоши. Ако се случува тоа, а педијатарот сѐ уште советува „чекање“, тогаш е време …

5. Побарај второ мислење

Понекогаш, „Да почекаме, па ќе видиме“ е докторски начин да се каже: „Ти си хистеричен родител со кој треба да се справувам. Оди си и можеби ќе заборавиш за што беше кај мене“. Ако, по рационална проценка, сметаш дека докторот само „те откачил“, побарај друг педијатар. Сепак, одењето кај друг доктор не треба да е за да најдеш некој кој ќе се согласи со твојата „дијагноза“. Сакаш да најдеш некој кој е експерт за развојните проблеми на твоето дете и кој ќе се согласи дека, што се однесува до твоето дете, и ти си „експерт“. Најди добар доктор – тоа ќе ти помогне кога подоцна ќе се соочиш сѐ повеќе со посебните потреби на твоето дете.

Поздрав за храбрите

Радосница

За твојот роденден

Дознај повеќе

  • Вистинска приказна +

    Можеби со Божја волја, или можеби заради мали промени на гените, но од љубов, на нечија радост, се роди НЕКОЈ, малечко Цвеќе со едно ливче Повеќе...
  • Церебрална парализа +

    Церебралната парализа е состојба предизвикана заради оштетување на мозокот кое се случило пред, за време, или, пак, бргу по раѓањето на детето. „Церебрална“ се однесува Повеќе...
  • Ментална заостанатост +

    Ментлна заостанатост е генерализирано нарушување кое се појавува пред личноста да достигне зрелост и се карактеризира со значајно попречено спознајно функционирање и недостатоци во две Повеќе...
  • Даунов синдром +

    Дауновиот синдром ехромозомско нарушување, предизвикано од екстра генетички материјал во 21 хромозом. Медицински гледано, Дауновиот синдром се нарекува Трисомија 21. Всушност тој претставува грешка во Повеќе...
  • Aутизам +

    Аутизмот е комплексна развојна неспособност која типично се појавува во првите три години од животот. Тоа е нарушување на мозочната функција која влијате врз способноста Повеќе...
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4