Концентрација

Како да му помогнеш на своето дете да се концентрира

Дали твоето дете бргу губи концентрација? На пример:

Дали „скока“ од игра до игра?

Дали лесно му се одзема вниманието ако има движење или шум во собата?

Дали станува немирно кога му читаш приказна?

Ако е претходното вистина, тогаш твоето дете има потреба од помош да научи да слуша и да се концентрира, и на тој начин да го развие својот говор и јазик.

Има повеќе начини на кои можеш да му помогнеш на твоето дете да ја развие концентрацијата, како на пример:

Заедничко играње игри

Минување повеќе време во заеднички активности.

Пред да почнеш да играш со детето:

Осигурај се дека во собата нема други пречки – изгасни го телевизорот, отстрани ги играчките што не ти се потребни. Ако имаш други деца, нека се занимаваат во друга соба.

Избери време кога твоето дете не е уморно, гладно, или нервозно.

Седни го детето на маса, за да го спречиш да шета наоколу.

Нека секоја игра биде куса.

Нека секоја игра биде забавна.

Ако детето има омилена игра, играјте ја постојано.

Осигурај се дека детето те гледа и те слуша пред да му се обратиш. Ако е потребно, држи го за рака, или, пак, повикај го по име за да му го привлечеш вниманието.

Не се откажувај ако нештата не се совршени.

Има многу различни игри кои можеш да ги играте заедно, кои ќе му помогнат на детето да ја развие концентрацијата. Следните активности, групирани во 4 нивоа ќе ти помогнат.

Заедничка игра – ниво 1

Тркалај топка, или туркајте количка низ собата, или еден кон друг.

Правете меури од сапуница. Гледајте како се подигаат и побарај детето да ти помогне да ги пукнете.

Градете кули од коцки и заедно рушете ги.

Заедно склопувајте едноставна сложувалка.

Нижете крупни предмети на јаже (алки, крупни монистра).

Заедно разгледувајте книга со слики и зборувајте за тоа што го гледате (не се грижи ако, на почетокот, детето изгледа само 1-2 страници).

Разгледувајте книга со тврди страници. Нека детето ги врти страниците.

Играјте игри на „парови“ со помош на предмети или слики. На пример, земи влечка (или слика од влечка), покажи ја пред детето и побарај тоа да ја дад другата влечка (или слика).

Пејте заедно песни со активности.

Заедничка игра – ниво 2

Охрабри го детето да започнеи само да заврши едноставна активност, како, на пример, да склопи едноставна сложувалка; да ги постави правилните облици во соодветни дупки, да наниже одреден број алки или монистра на конец. Полека, зголемувај го времето на секоја од активностите.

Пофали го детето за секоја успешно завршена активност. На пример: „Браво! Ги нареди сите коцки.“

Замоли го детето да ти даде конкретен предмет од група од три предмети на масата. За да ви биде позабавно, преправајте се дека сте заедно во продавница.

Пејте заедно детски песни, и нека детето ги каже зборовите кои ти ќе ги испуштиш.

Играјте „имитирање“ и нека детето ги копира твоите движења. На пример: „Допри го носот, (и ти направи го тоа), допри ги колената, фати се за уши, клекни …“

Сокриј играчка, музичка кутија или слично, која е доволно гласна и помогни му на детето да ја пронајде.

На поголема празна кутија, нацртај лице на кловн или човек. Исечи дупка на место на устата. Замоли го детето да ја нахрани „устата“ така што во неа ќе стави слика на храна, или нешто што се јаде. Нека детето го избере тоа што ќе го кажеш од група предмети (слики). Како што ќе се подобрува концентрацијата на детето, ќе кажуваш по 2-3 нешта одеднаш.

Сокриј малечка играчка под една од три чаши поставени на масата. Нека детето види каде ќе ја сокриеш играчката, а потоа побарај од него да ти каже каде е. Како што ќе се подобрува детската концентрација, зголемувај го бројот на чашите, или, пак, размешај ги чашите.

Дај му на детето музички инструмент, или играчка што свири и натерај го да свирне секогаш кога ти ќе ја покажеш неговата- нејзината омилена играчка.

Играјте игри во кои детето треба да чека да му дадеш знак пред да направи некојаактивност што ќе се повторува, како, на пример, да пушти писмо во кутија, да додаде коцка на градењето кула, да пушти џамлија во шише. Согласете се за тоа кој ќе ви биде знакот пред да започнете. На пример, ползувајте знак што треба детето да го слушне: „Сега!“ Можеби ќе сакаш да ползуваш знак што детето ќе го види – да светнеш со џепна ламба. Можеби на почетокот ќе треба детето да го држиш за рака, додека се научи да чека и да се концентрира.

Заедничка игра – ниво 3

Избери коцки со две различни бои (на пример, црвени и сини). Побарај детето да ги раздвои црвените од сините коцки. Полека, зголемувај го бројот на боите кои треба да се раздвојат.

Замоли го детето да ги затвори очите и да ти каже кој звук го слуша ( на пример, часовник, радио, чекан, плескање со раце, течење на вода, итн).

Читај им расказ во кој се повторува некоја фраза (како, на пример „Волкот и трите прасиња“). Нека детето ти се придружи да ја каже фразата што се повторува.

Охрабри го детето да составува потешки сложувалки – ако е потребно помогни му.

Еден по друг, ти и детето давајте команди за мечето – куклата: „Скокни, трчај, падни“. Тогаш детето нека го направи дејството со куклата – мечето. Ако ти ја управуваш играчката, одвреме-навреме направи ппогрешно дејство, а не тоа што се бара, за да видиш дали детето ќе те поправи.

Ползувајќи слики на животни, детето треба да ја избер правилната слика на животното, откако ќе те слушне како ти го имитираш тоа животно (на пример: „мјау“, „ав-ав“, „беее“). Зголемувај го бројот на животински звуци. По некое време, ползувај звуци од две животни едноподруго.

Заедничка игра – ниво 4

Заедно играјте игри кога ти и детето еден по друг ќе давате заповеди за тоа што да се направи. Овој пат, заповедите се по две или три заедно: „ Допри ги колената, а потоа и устата“. „Допри го носот и сврти се“.

Обиди се на инструмент да отсвириш 2-3 различни звуци. Охрабри го детето да ги повтори со устата.

Охрабри го детето да ги идентификува најтивкиот и најсилниот звук, најкусиот и најдолгиот, итн.

Со помош на касетофон, побарај од детето да идентификува секојдневни, чести звуци,како што се на пример звук на автомобил, звонче на врата, чекан, или телефон.

Задај му на детето конкретна задача што треба да ја заврши, или порака што треба да му ја однесе некому, за да видиш дали може да ја направи само. На пример:

„Марија, можеш ли за мене да ги нанижеш овие монистра“?

„Симе, ќе ги наредиш ли овие коцки во кутијата?“

„Јана, оди кај мама и од неа побарај да ти ги даде овие две (три) нешта…“ (Разговарај со другата личност кај која го праќаш детето за да му помогне тоа да успее).

Седни го детето во круг со други деца. Во средината на кругот постави кутија со различни предмети. Побарај од секое дете посебно да скокне, да оди, да потрча околку кругот и тогаш да земе една или две работи од кутијата во средината. На пример:

„Јован, оди околу кругот и дај ми ја црвената топка“.

Вклучи го детето во малечка група деца. Читај им на децата позната приказна, како, на пример, „Златка и трите мечки“, „Волкот и трите прасиња“ и сл. Потоа помогни им на децата да ја одглумат случката, при тоа давајќи му на секое дете конкретна улога.

Прочитај му на детето приказна, а потоа постави му прашања од неа.

Играј со дететето „продавница“. Детето ќе биде продавачот и треба да запомни кои ве или три нешта си ги побарал-а од него.

Поздрав за храбрите

Радосница

За твојот роденден

Дознај повеќе

  • Вистинска приказна +

    Можеби со Божја волја, или можеби заради мали промени на гените, но од љубов, на нечија радост, се роди НЕКОЈ, малечко Цвеќе со едно ливче Повеќе...
  • Церебрална парализа +

    Церебралната парализа е состојба предизвикана заради оштетување на мозокот кое се случило пред, за време, или, пак, бргу по раѓањето на детето. „Церебрална“ се однесува Повеќе...
  • Ментална заостанатост +

    Ментлна заостанатост е генерализирано нарушување кое се појавува пред личноста да достигне зрелост и се карактеризира со значајно попречено спознајно функционирање и недостатоци во две Повеќе...
  • Даунов синдром +

    Дауновиот синдром ехромозомско нарушување, предизвикано од екстра генетички материјал во 21 хромозом. Медицински гледано, Дауновиот синдром се нарекува Трисомија 21. Всушност тој претставува грешка во Повеќе...
  • Aутизам +

    Аутизмот е комплексна развојна неспособност која типично се појавува во првите три години од животот. Тоа е нарушување на мозочната функција која влијате врз способноста Повеќе...
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4