Заменки

ЗаменкиЗаменките се зборови кои ги ползуваме кога зборуваме за себеси, или за други луѓе, и вклучуваат мене, јас, ти, негово, нејзино, таа, тие, ние

Дали твоето дете правилно ги ползува заменките? На пример, дали вели „Мене сака уште“? – наместо: „Јас сакам уште“. Ако детето има проблеми со правилното ползување на заменките, ти ќе треба да му помогнеш тоа да ги разбере различните заменки и кога да ги ползува. Следните активности ќе ти помогнат во тоа.

Прва фаза – разбирање на заменката „јас“

На масата постави мече, кукла и книга. Покажи кон себеси и кажи:

Јас ќе ја натерам куклата да трча“. Тогаш направи го дејството.

Врати ја куклата на масата, покажи кон твоето дете и кажи:

„Сега ти натерај ја куклата да трча“.

Охрабри го детето да го направи истото дејство како ти. Повторувај го овој процес, ползувајќи различни играчки и дејства. На пример:

Јас ќе го гушнам мечето“. „Ти гушни го мечето“.

Јас ќе ја отворам книгата“. „Ти отвори ја книгата“.

Јас ќе ја фрлам топката“. „Ти фрли ја топката“.

Немој овие вежби да ги правиш прво ти, па детето. Одвреме - навреме упати го детето да направи две последователни дејства, за тоа да мора да внимава на тоа што го зборуваш.

Кога детето полека ќе почне да го разбира концептот на заменки и му оди подобро, престани со покажување кон себе кога кажуваш „јас“, ниту кон него кога кажуваш „ти“. Кога детето ќе може да ги прави дејствата без да греши и без да му покажуваш, тоа значи дека детето го разбрало концептот, а не само знаците што ги покажуваш.

Заедно со детето нацртајте неколку работи ( 3 или 4 едноставни цртежи) кои ќе покажуваат некои од различните нешта што тие ги направиле во текот на денот (на пример, играње со мечето, миење раце, јадење сладолед) За таа цел можете да ги ползувате и сликите дадени подолу. Нацртај, или избери други 3-4 слики за себе, кои исто така покажуваат активности (на пример, отварање писмо, возење автомобил, гледање ТВ).

Покажи ги твоите слики и, кога ќе покажеш на секоја од активностите, објасни ја сликата ползувајќи „јас“. На пример:

Јас возев автомобил“. Или: „Јас пиев кафе“.

Со помош на сликите на твоето дете, покажи на секоја од нив, и опиши ја активноста така што ќе ја ползуваш заменката „ти“. На пример:

Ти си ги миеш забите“. Или, „Тијадеш салата“. „Ти спиеш“.

Подоцна, кога детето го разбрало концептот, можеш и да се пошегуваш: „Ти го возеше мојот автомобил – не, јас го возев автомобилот“. Ако детето навистина разбира, тоа ќе му биде смешно.

Втора фаза – учење кога да се ползува заменката „јас“

Повтори ги активностите опишани во фаза 1, но сега, охрабри го детето тоа да зборува. На пример, со мечето, куклата, топката и книгата, охрабри го детето да ги дава упатствата:

Ти фрли ја топката“. „Ти гушни го мечето“. „Јас ќе ја отворам книгата“.

Како и во претходниот случај, личноста која зборува го врши и дејството.

Со помош на сликите на детските активности, кажи му на детето:

„Раскажи ми што правеше денес ти“.

Избирај една по една од сликите на детето и нека тоа ти ја опише активноста од сликата. Осигурај се дека неговите реченици ќе започнуваат со „јас“. На пример:

Јас спиев“. „Јас јадев банана“.

Со помош на сликите на твоите активности, охрабри го детето да ти каже што правиш ти на секоја од сликите. Осигурај се дека неговите реченици ќе започнат со „ти“. На пример:

Ти возиш автомобил“. „Ти гледаш телевизија“.

Размешај ги сите слики заедно и охрабри го детето да ги раздели меѓу вас двајцата. При тоа, детето треба да каже кој ја врши активноста на сликата, пред да ја даде сликата на таа личност. Кога детето ќе е сигурно во правењето на тоа, можеш да му се придружиш и ти - при тоа намерно грешејќи. На пример: „Ти (детето) возиш автомобил“. Или: „Јас спијам“. Види дали детето ќе те поправи.

Во една торба стави повеќе различни работи кои ти припаѓаат тебе и на детето. Нека детето вади еден по еден предмет од торбата. За секој предмет, прашај: „Кој вози автомобил“ (ако тоа се клучеви)? „Кој си игра со кукличка?“ … Охрабри го детето да одговара со „јас“ или со „ти“.

На овој начин, со упорност може да му помогнете на вашето детет правилно да ползува заменки.

Поздрав за храбрите

Радосница

За твојот роденден

Дознај повеќе

  • Вистинска приказна +

    Можеби со Божја волја, или можеби заради мали промени на гените, но од љубов, на нечија радост, се роди НЕКОЈ, малечко Цвеќе со едно ливче Повеќе...
  • Церебрална парализа +

    Церебралната парализа е состојба предизвикана заради оштетување на мозокот кое се случило пред, за време, или, пак, бргу по раѓањето на детето. „Церебрална“ се однесува Повеќе...
  • Ментална заостанатост +

    Ментлна заостанатост е генерализирано нарушување кое се појавува пред личноста да достигне зрелост и се карактеризира со значајно попречено спознајно функционирање и недостатоци во две Повеќе...
  • Даунов синдром +

    Дауновиот синдром ехромозомско нарушување, предизвикано од екстра генетички материјал во 21 хромозом. Медицински гледано, Дауновиот синдром се нарекува Трисомија 21. Всушност тој претставува грешка во Повеќе...
  • Aутизам +

    Аутизмот е комплексна развојна неспособност која типично се појавува во првите три години од животот. Тоа е нарушување на мозочната функција која влијате врз способноста Повеќе...
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4