Зa Нac

Здраво на сите,

Ние сме група ентузијасти кои решија своите искуства да ги споделат со сите.

По долгогодишно искуство како родители на деца со пречки во менталниот развој, со искусување на прекрасни и не толку прекрасни моменти, решивме своите искуства и знаења да ги споделиме со сите заинтересирани, со цел нашите деца и децата на нашите пријатели да имаат полза од тоа.

Нашата веб страница е бесплатна и ви нуди можност да дознаете нешта што не сте ги знаеле, како и нешта кои не можете да ги дознаете на други места. Исто така, тука ќе дознаете повеќе за вашите права и за правата на вашите деца. Ќе можете да споделувате искуства со други родители и да поставувате прашања што вас ве интересираат. Нашата цел е овој сајт да расте и постојано да има нови релевантни содржини.

Разгледајте го сајтот, дајте предлози и идеи за негово подобрување, поставувајте прашања и оставете ваши коментари. Ако ви се допадне, препорачајте го и на други кои можат да имаат полза од него.

Ви благодариме однапред за вашата подршка

Искрено ваши www.sitezaedno.com

Поздрав за храбрите

Радосница

За твојот роденден

Дознај повеќе

  • Вистинска приказна +

    Можеби со Божја волја, или можеби заради мали промени на гените, но од љубов, на нечија радост, се роди НЕКОЈ, малечко Цвеќе со едно ливче Повеќе...
  • Церебрална парализа +

    Церебралната парализа е состојба предизвикана заради оштетување на мозокот кое се случило пред, за време, или, пак, бргу по раѓањето на детето. „Церебрална“ се однесува Повеќе...
  • Ментална заостанатост +

    Ментлна заостанатост е генерализирано нарушување кое се појавува пред личноста да достигне зрелост и се карактеризира со значајно попречено спознајно функционирање и недостатоци во две Повеќе...
  • Даунов синдром +

    Дауновиот синдром ехромозомско нарушување, предизвикано од екстра генетички материјал во 21 хромозом. Медицински гледано, Дауновиот синдром се нарекува Трисомија 21. Всушност тој претставува грешка во Повеќе...
  • Aутизам +

    Аутизмот е комплексна развојна неспособност која типично се појавува во првите три години од животот. Тоа е нарушување на мозочната функција која влијате врз способноста Повеќе...
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4