Eден термин, многу дефиниции

Кога зборуваме за „посебни потреби“, зборуваме за „чадор“ под кој се наоѓаат неверојатно голем број дијагнози. Децата со посебни потреби можат да имаат благи проблеми со учењето, или длабоко ментално заостанување; можеби имаат алергии на храна, или, пак, терминална болест; развојно заостанување што бргу се надминува, или заостанатос која е длабоко вкоренета. Терминот „посебни потреби“ можеби помага за да се објсни со неколку збора ситуацијата на детето, иако не дава многу информации ниту на семејството, ниту пак на тие околу него.

Плусови и минуси

„Посебните потреби“ најчесто се дефинираат преку тоа што детето не може да го прави, преку недостигнати нивоа на развој, преку храна која не е дозволена, преку искуства кои му се забранети на детето. Тие „минуси“ тешко го погодуваат семејството и прават тие „посебни“ потреби да станат стигма на семејството. Некои родители постојано ќе тажат над потенцијалот што нивните деца го немаат, особено ако некои состојби се влошуваат со тек на времето. Некои семејства, пак, прифаќаат дека победите на нивното дете се до толку послатки, колку што е потешка состојбата на детето, дека слабостите се честопати придружувани со силни страни.

Различни грижи

Избери кои и да било две семејства кои имаат деца со посебни потреби и ќе ти изгледа дека тие немаат ништо заедничко. Семејство во кое детето има проблеми со менталниот развој, има поинакви проблеми од семејство во кое има дете со хронична болест. Семејство во кое детето има комбинација од проблеми, пак, ќе се соочи со поинакви предизвици.

Медицински потреби

Факт е дека децата со посебни потреби бараат поголема медицинска грижа. Од моментот кога родителите ќе забележат дека детето има некакви проблеми, до моментот до кога се дијагностицира менталниот проблем (и физичкиот, кој го придружува) може да се потребни многу испитувања, посети на доктори, трпение, време и финансии. Многу често овие семејства се соочуваат со чести кризи, несигурност и грижа.

Проблеми со однесувањето

Децата со посебни потреби кои имаат проблеми со однесувањето не реагираат на ист начин кон дисциплинирањето како „обичните“ деца. За нивно воспитување се потребни поинакви стратегии кои треба да се прилагодат на нивните способности/ограничувања. Ако тоа не се направи, децата кои имаат проблеми со однесувањето ќе ги фрлат родителите во хаос и ќе имаат проблеми со наставата дури и во посебните училишта. Родителите треба да се флексибилни и креативни, и добро да ги познаваат своите деца за да можат да им помогнат да ги надминат овие предизвици.

Проблеми со менталниот развој:

Забавениот ментален развој е веројатно најтешкото нешто со кое ќе се соочи семејството во кое има дете со посебни потреби. Дијагнозите како што се аутизмот, Даун синдромот, развојната дисфазија и слично честопати ги одвојуваат децата од главните текови на општеството и образованието. Родителите треба остро да се спротивстават на тенденцијата на маргинализирање на нивните деца кои ги имаат тие проблеми, и со сите сили да се трудат нивните деца да можат да го достигнат својот максимален потенцијал во системот во кој се наоѓаат. Во таа смисла мора да се борат нивните деца да добијат услуги, терапија, образование и инклузија (вклученост) кои им се потребни на нивните деца и кои ги заслужуваат.

Проблеми со учењето:

Понекогаш, децата имаат проблеми при учењто, без при тоа да имаат ментални проблеми. Во оваа категорија спаѓаат деца кои имаат дислексија и проблем со централното аудиторно процесирање. Таквите деца имаат проблем со школувањето, иако нивните интелектуални способности се големи. И тие, какои децата со ментални нарушувања бараат посебни стратегии за образование за да не се појават тешки проблеми со самочувството и нивното однесување. Родителите кои имаат деца со проблеми со учењето треба да се упорни во нивото помагање на децата да учат, како и во подигање на свеста на наставниците во училиштата за нивните посебни потреби.

Живеењето со дете со посебни потреби ги става членовите на семејството во позиција да живеат со постојани менувања на однесувањето, различни кризи и недоразбирања. Родителите мораат да бараат професионална помош, да донесат решение за видот терапија што ќе ја добие нивното дете, за лекарства и (или) болничка нега. Последиците од погрешните решенија бараат долготрајно поправање и многу напори. И, иако сеое семејство во кое има дете со посебни потреби е поинакво (како и самото дете со посебни потреби), има некои заеднички проблеми ссо кои се соочуваме сите. Меѓу нив спаѓаат: пронаоѓање вистински вид грижа, сместување, охрабрување на поширокото семејство да го прифати детето, едуцирање на најблиската околина за состојбата и проблемите на детето, планирање за несигурната иднина, прилагодување на секојдневните обврски и очекувања. Заради сето ова, родителите на деца со посебни потреби се најчесто пофлексибилни, сочувствители, потврдоглави и поистрајни отколку другите родители. Мораат да бидат.

Поздрав за храбрите

Радосница

За твојот роденден

Дознај повеќе

  • Вистинска приказна +

    Можеби со Божја волја, или можеби заради мали промени на гените, но од љубов, на нечија радост, се роди НЕКОЈ, малечко Цвеќе со едно ливче Повеќе...
  • Церебрална парализа +

    Церебралната парализа е состојба предизвикана заради оштетување на мозокот кое се случило пред, за време, или, пак, бргу по раѓањето на детето. „Церебрална“ се однесува Повеќе...
  • Ментална заостанатост +

    Ментлна заостанатост е генерализирано нарушување кое се појавува пред личноста да достигне зрелост и се карактеризира со значајно попречено спознајно функционирање и недостатоци во две Повеќе...
  • Даунов синдром +

    Дауновиот синдром ехромозомско нарушување, предизвикано од екстра генетички материјал во 21 хромозом. Медицински гледано, Дауновиот синдром се нарекува Трисомија 21. Всушност тој претставува грешка во Повеќе...
  • Aутизам +

    Аутизмот е комплексна развојна неспособност која типично се појавува во првите три години од животот. Тоа е нарушување на мозочната функција која влијате врз способноста Повеќе...
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4