Церебрална парализа

Церебралната  парализа е состојба предизвикана заради оштетување на мозокот кое се случило пред, за време, или, пак, бргу по раѓањето на детето. „Церебрална“ се однесува на мозокот, а „парализа“ на растројството на движењето или ставот. Оваа болест не е прогресивна. Пренаталните причини кои предизвикуваат церебрална парализа вклучуваат болести на мајката во текот на бременоста, прерано породување, недостаток на довод на кислород до бебето предизвикано од прерано одвојување на детето од плацентата, заради неправилна позиција на бебето, заради продолжено породување, или ненадејно породување. Друга причина може да е неподударноста RH факторот на родителите, инфекција на мајката со вирусно заболување или микроорганизми во раната бременост. Причина за церебрална парализа по раѓањето може да биде резултат на несреќа, вирусна инфекција и сл. Во зависност од тоа кој дел од мозокот е повлијаен и оштетен, може да се појави еден или повеќе од следниве проблеми: проблеми со тонусот, несакани движење, грчеви, проблеми со исправаното движење и мобилноста, напади, пречки во видот, слухот и (или) говорот, како и ментална заостанатост.

Има три главни видови на церебрална парализа:

  • Спастична – згрчени и тешки движења.
  • Атетоидна – несакани и неконтролирани движења.
  • Атаксична – побркано чувство за баланс и длабинска перцепција.

Многумина кои страдаат од церебрална парализа може да имаат комбинација од сите три видови. Тогаш се зборува за мешана церебрална парализа.

Поздрав за храбрите

Радосница

За твојот роденден

Дознај повеќе

  • Вистинска приказна +

    Можеби со Божја волја, или можеби заради мали промени на гените, но од љубов, на нечија радост, се роди НЕКОЈ, малечко Цвеќе со едно ливче Повеќе...
  • Церебрална парализа +

    Церебралната парализа е состојба предизвикана заради оштетување на мозокот кое се случило пред, за време, или, пак, бргу по раѓањето на детето. „Церебрална“ се однесува Повеќе...
  • Ментална заостанатост +

    Ментлна заостанатост е генерализирано нарушување кое се појавува пред личноста да достигне зрелост и се карактеризира со значајно попречено спознајно функционирање и недостатоци во две Повеќе...
  • Даунов синдром +

    Дауновиот синдром ехромозомско нарушување, предизвикано од екстра генетички материјал во 21 хромозом. Медицински гледано, Дауновиот синдром се нарекува Трисомија 21. Всушност тој претставува грешка во Повеќе...
  • Aутизам +

    Аутизмот е комплексна развојна неспособност која типично се појавува во првите три години од животот. Тоа е нарушување на мозочната функција која влијате врз способноста Повеќе...
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4