Eден термин, многу дефиниции

Кога зборуваме за „посебни потреби“, зборуваме за „чадор“ под кој се наоѓаат неверојатно голем број дијагнози. Децата со посебни потреби можат да имаат благи проблеми со учењето, или длабоко ментално заостанување; можеби имаат алергии на храна, или, пак, терминална болест; развојно заостанување што бргу се надминува, или заостанатос која е длабоко вкоренета. Терминот „посебни потреби“ можеби помага за да се објсни со неколку збора ситуацијата на детето, иако не дава многу информации ниту на семејството, ниту пак на тие околу него.

Повеќе: Eден термин, многу дефиниции

Ментална заостанатост

Ментлна заостанатост е генерализирано нарушување кое се појавува пред личноста да достигне зрелост и се карактеризира со значајно попречено спознајно функционирање и недостатоци во две или повеќе адаптивни однесувања. Порано, менталната заостанатост се дефинирала преку коефициентот на интелигенција (IQ под 70). Денес менталната ретардација се дефинира не само како спознаен проблем, туку и како способност за функционирање во опкружувањето. Затоа, дури и личност која има низок  IQ, а која нема функционални проблеми, не се смета за ментално заостаната.

Повеќе: Ментална заостанатост

Церебрална парализа

Церебралната  парализа е состојба предизвикана заради оштетување на мозокот кое се случило пред, за време, или, пак, бргу по раѓањето на детето. „Церебрална“ се однесува на мозокот, а „парализа“ на растројството на движењето или ставот. Оваа болест не е прогресивна. Пренаталните причини кои предизвикуваат церебрална парализа вклучуваат болести на мајката во текот на бременоста, прерано породување, недостаток на довод на кислород до бебето предизвикано од прерано одвојување на детето од плацентата, заради неправилна позиција на бебето, заради продолжено породување, или ненадејно породување. Друга причина може да е неподударноста RH факторот на родителите, инфекција на мајката со вирусно заболување или микроорганизми во раната бременост. Причина за церебрална парализа по раѓањето може да биде резултат на несреќа, вирусна инфекција и сл. Во зависност од тоа кој дел од мозокот е повлијаен и оштетен, може да се појави еден или повеќе од следниве проблеми: проблеми со тонусот, несакани движење, грчеви, проблеми со исправаното движење и мобилноста, напади, пречки во видот, слухот и (или) говорот, како и ментална заостанатост.

Повеќе: Церебрална парализа

Даунов синдром

Дауновиот синдром ехромозомско нарушување, предизвикано од екстра генетички материјал во 21 хромозом. Медицински гледано, Дауновиот синдром се нарекува Трисомија 21. Всушност тој претставува грешка во комбинацијата на хромозомите во 21 пар на хромозоми, која настанува при клеточната делба на новиот плод. Имено, при делбата на двата хромозома од едниот родител и двата хромозома од другиот родител, наместо во плодот да се појават два хромозома, се појавуваат три. Одредени научници сметаат дека таквата грешка е последица на неправилната делба на хромозомите, додека други сметаат дека станува збор за генетска аномалија, односно наследно пренесување од некои претходни генерации – предци од семејството. Ако трисомијата се појавува во сите клетки станува збор за лице со класичен даунов синдром, а доколку се опфатени само поедини клетки станува збор за лице со мозаичен даунов синдром.

Повеќе: Даунов синдром

Повеќе артикли...

  1. Aутизам

Страница 1 од 2

Поздрав за храбрите

Радосница

За твојот роденден

Дознај повеќе

  • Вистинска приказна +

    Можеби со Божја волја, или можеби заради мали промени на гените, но од љубов, на нечија радост, се роди НЕКОЈ, малечко Цвеќе со едно ливче Повеќе...
  • Церебрална парализа +

    Церебралната парализа е состојба предизвикана заради оштетување на мозокот кое се случило пред, за време, или, пак, бргу по раѓањето на детето. „Церебрална“ се однесува Повеќе...
  • Ментална заостанатост +

    Ментлна заостанатост е генерализирано нарушување кое се појавува пред личноста да достигне зрелост и се карактеризира со значајно попречено спознајно функционирање и недостатоци во две Повеќе...
  • Даунов синдром +

    Дауновиот синдром ехромозомско нарушување, предизвикано од екстра генетички материјал во 21 хромозом. Медицински гледано, Дауновиот синдром се нарекува Трисомија 21. Всушност тој претставува грешка во Повеќе...
  • Aутизам +

    Аутизмот е комплексна развојна неспособност која типично се појавува во првите три години од животот. Тоа е нарушување на мозочната функција која влијате врз способноста Повеќе...
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4